Тетовската полиција, како што соопшти, во сообраќајна контрола на 01.05.2019 година откри над 30 различни видови прекршоци.
-Најголеми број од нив (13) се управување без возачка дозвола (ТЕ-11 и ГВ-2). Покрај тоа, при контролите било утврдено дека четири возила (ТЕ) ги управувале возачи-почетници, кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, четири возила (ТЕ-3 и ГВ-1) имале истечена регистрација, две возила(ГВ) непрописно престигнувале, едно возило користело неатестирани фолии и друго. За овие прекршоци поднесени се соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.


