Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов со изјава дадена пред, како што рече мини хидроцентралата, во која учество има и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата „десна рака“ Димитар Димовски, побара со објектот да се позанимава Државната комисија за борба против корупцијата. Костадинов покажа Тековна состојба, според која, тврди, еден од сопствениците на оваа хидроцентрала е Димитар Димовски.
-На втората страна од тековната состојба, можеме јасно да видиме дека еден од сопствениците на хидроцентралите е и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Христијан Мицкоски, почитувани граѓани е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година.Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река, кажа Костадинов.

Според него, во време кога Мицкоски бил советник за енергетика во Владата на Груевски, а Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски, нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала, а тоа е класичен судир на интереси.
-Дополнителен сомнеж отвора фактот што фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, преку конзорциумот „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје по само два месеци од отворањето добива концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала.Државната комисија за спречување на корупција треба да постапи по допрен глас и да го истражи ова основано сомнение за судир на интереси ,рече Костадинов, според кого, особено е важно да се утврди дали во овој случај постои судир на интереси, имајќи предвид дека двајца од сопствениците Мицкоски и Димовски биле високи државни службеници во време кога добиваат бизнис со хидроцентрали.


