Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави денеска пред судот во Лондон дека нема да се согласи да биде испорачан на САД, каде што е обвинет за планирање на упад во компјутерот на Пентагон со доверливи податоци.
Давајќи исказ од лондонскиот затвор преку видео-линк, Асанж рече дека нема да “се предаде за екстрадиции за занимавање со новинарство, за што доби многу награди и заштити многу луѓе”. Во џинс и спортска облека Асанж одговараше смирено во текот на краткото појавување пред судот.
Судијата Мајкл Сноу изјави дека веројатно ќе поминат “многу месеци” до завршување на целосната расправа во случајот на САД за предавање на Асанж. Сослушувањето ќе биде продолжено на 30-ти мај, а потоа на 12-ти јуни.
Асанж беше осуден на 50 недели затвор во Велика Британија поради неизвршување на судскиот повик во 2012 година, поради што ги прекршил условите за пуштање на условна слобода. Наместо да одговори на повикот, 47-годишниот Австралиец побарал азил во Еквадорската амбасада во Лондон во јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што е баран поради обвиненија за сексуална напад.
Асанж наведува дека барал азил поради поради тоа што се плаши од екстрадиција на САД, каде што би бил осуден поради објавување на доверливи воен документи преку Викиликс.
Власта на САД го товари Асанжа за загпвор со поранешниот аналитичар на американската воена разузнавачка служба, Чеси Менинг, за упад во компјутер со доверливи податоци во Пентагон. Тоа обвинение беше објавено на 11-ти април, откако Асанж беше уапсен претходно истиот ден во Еквадорската амбасада во Лондон.


