Од движењето Анти коцкање на пресс конференција објавија загрижувачки фотографии на кои се гледа како деца малолетни играат игри на среќа во казина.
Оттаму рекоа дека состојбата со коцкањето е загрижувачка, и бараат што поскоро централната власт да го донесе новиот закон за игри на среќа, во која бараат казината и спортските обложувалници да бидат оддалечени најмалку 3 километри од урбаните средини.
Тие бараат државата да одвојува 5 % од буџетот која доаѓа од игрите на среќа, за реновирање на објекти од јавен интерес и да се изготви национална стратегија за едукација за ученици и за сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето.
Зоран Димовски


