Загрижувачки фотографии на кои се гледа како деца малолетни играат игри на среќа во казина – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 4:28 PM

Загрижувачки фотографии на кои се гледа како деца малолетни играат игри на среќа во казина

Од движењето Анти коцкање на пресс конференција објавија загрижувачки фотографии на кои се гледа како деца малолетни играат игри на среќа во казина.

Оттаму рекоа дека состојбата со коцкањето е загрижувачка, и бараат што поскоро централната власт да го донесе новиот закон за игри на среќа, во која бараат казината и спортските обложувалници да бидат оддалечени најмалку 3 километри од урбаните средини.

Тие бараат државата да одвојува 5 % од буџетот која доаѓа од игрите на среќа, за реновирање на објекти од јавен интерес и да се изготви национална стратегија за едукација за ученици  и за сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето.

Зоран Димовски