Со доаѓањето на Дејвис Мојс почна шестгодишниот пост на Манчестер Јунајтед кој никако не може да ја врати доминацијата во англискиот фудбал иако е најтрофеен во историјата.
Шкотскиот стручњак требаше да продолжи таму каде што застана Алекс Фергусон, но всушност тргна во сосема нова насока од која „ѓаволите“ никако не можат да се вратат назад. И да биде маката поголема, истиот Мојс дотура сол на раната на навивачите.
„Мислам дека од моментот кога ги презедов, па досега, не постои некоја голема разлика. Кога јас стигнав беше потребна промена кај фудбалерите, а за тоа треба многу време. Мислам дека во овие четири години, клубот не напредуваше многу“, изјави Мојс.
По неговото заминување Јунајтед го водеа Гигс, Ван Гал, Мурињо и Солскјер, но уште се чека 21. титула во историјата на клубот.


