Душан Тадиќ е новата ѕвезда на Ајакс иако е веќе влезе во четвртата деценија од животот.
Како и да заврши оваа сезона, навивачите ќе го паметат како еден од најдобрите кои некогаш го облекле дресот на холандскиот гигант, а Ајакс има шанса за титула во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Во Амстердам тој дојде од англискиот Саутемптон каде исто така беше најдобар, но играше во тим од долниот дел на табелата. Во едно интервју Тадиќ откри зошто одлучил да си замине од Островот.
„Физичкиот интензитет на играта во таа лига ја чини потешка за креативните фудбалери, особено ако настапуваат во помали екипи бидејќи ќе бидат оддувани штом ја добијат топката. Постојано ме тепаа во Англија, избегав оттаму за да играм фудбал“, изјави Тадиќ.
За Саутемптон тој одигра 162 натпревара и постигна 24 гола, додека за Ајакс во само една сезона, на 52 меча, дури 34 пати ги тресеше противничките мрежи, а сезоната уште не е завршена.


