Католичката црква во Бугарија на папата Френциско ќе му подари копија од иконата на Света Богородица од Несебар или Несебарската Дева Марија за време на неговата посета на таа земја. Ова го соопшти претседателот на Епископската конференција на Католичката црква во Бугарија, Христо Пројков. Според него, иконата ја прикажува Богородица како Небесна заштитничка, и тоа ќе биде официјалниот подарок за папата Френциско од Католичката црква во Бугарија:
„ Копија од иконата на Света Богородица од Несебар секогаш носел со себе Анџело Џузепе Ронкали, кога бил во Бугарија како апостолски легат во текот на минатиот век – од 1925 до 1934 година. Подоцна стана папа Јован 23-ти, и секогаш бил со оваа икона – до последниот ден од животот“.
Мотото на апостолското патување на папата Франциско во Бугарија од 5 до 7 мај го носи насловот на енцикликата на свети папа Јован 23-ти „Мир на земјата“ (Pacem in terris)
„Тоа е енцикликата која ја напишал Ронкали и која до денес е актуелна“, истакна монсињор Пројков. Тој нагласи дека на тој начин папата Франциско „оди по стапките на Анџело Ронкали во нашата земја и го прифаќа насловот на енцикликата „Мир на Земјата“ за мото на неговата посета на Бугарија“.


