Деркоски очекува мирен изборен ден в недела – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 2:28 PM

Деркоски очекува мирен изборен ден в недела

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски смета дека во недела, на вториот круг од претседателските избори ќе биде исполнет потребниот цензус и ќе биде избран претседател.Тој очекува изборниот да помине во фер и демократска атмосфера, исто како и во првиот изборен круг.

-Потребниот број за цензус во вториот круг е 723.253 гласачи кои треба да излезат за да биде успешен вториот круг претседателски избори. Јас се надевам дека ќе завршиме успешно, ќе го има цензусот и ќе избереме претседател на државата. Изборната кампања во пресрет на вториот круг мина во мирна атмосфера, без посериозни нарушувања на процесот, истакна Деркоски.


Денеска од печатницата Киро Дандаро од Битола беше дистрибуиран гласачкиот материјал до сите општински изборни комисии низ државата.

-Работата се заврши во најкраток можен рок, ние буквално вчера во раните утрински часови го завршивме целокупното печатење, средување, комплетирање на материјалите. Можам да им  порачам на фалсификаторите да не се мачат затоа што овие ливчиња се презаштитени, изјави Драги Милошевски, директор на печатницата Киро Дандаро Битола.