Трамп го поканил Орбан на „работна средба” месецов – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 1:18 PM

Трамп го поканил Орбан на „работна средба” месецов

Американскиот претседател, Доналд Трамп го поканил унгарскиот премиер, Виктор Орбан на „работна средба“ , која треба да се одржи на 13 мај. Ова го соопшти портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, според кој, средбата ќе се фокусира на енергетската безбедност, одбранбената соработка, билатералните односи.

Во јули 2016 година, Орбан беше првиот национален лидер во Европската унија, кој го поддржа Трамп во изборната кампања за претседателските избори.

Орбан, кој освои трет последователен мандат со убедлива победа во април 2018 година, е голем противник на миграцијата и стана пример за многу европски националистички и екстремно десничарски партии.

Орбан денеска ќе биде домаќин на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој исто така е жесток противник на миграцијата.