Хрватски угостител: Не ми ги земајте мечките, ако треба ќе им направам и хотел со пет ѕвезди – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 12:21 PM

Хрватски угостител: Не ми ги земајте мечките, ако треба ќе им направам и хотел со пет ѕвезди

Од почетокот на оваа година, според Законот за заштита на животните во Хрватска, забрането е чување мечки освен во зоолошки градини и во згрижувалишта, а тоа најмногу го погодило угостителот од Лика, Хрватска, Жељко Орешковиќ – Мацола.

Државниот инспекторат му соопштил дека ќе му ги земе двете мечки – Мрки и Брундо, кои повеќе години се заштитен знак за неговиот ресторан во Кореница и ќе ги преместат во згрижувалиште на здружението „Велебит“, пишуваат хрватските медиуми.

– Ќе им направам ако треба на мечките и хотел со пет ѕвезди, ќе им направам и се’ друго што треба. Тие со мене се веќе 13 години. Барав и да ми пропишат услови ако треба да отворам и зоолошка градина. Знам дека иницијатива повеле од здружението „Пријатели на животните“, но како можам јас да им направам нешто лошо на мечките. Би ми било жал да ми ги земат, но ако надлежните одлучат така, ќе немам каде, ќе мора да ги послушам – вели Мацола.

Во пријавата „Пријатели на животните“ навеле дека мечките се затворени и оградени со жица на фрекфентен простор и на сите временски услови, со што биле изложени на страдање и стрес, поради неприродното опкружување, блиската сообраќајна фрекфенција, посетите на многубројните туристи…