Во Бањиче, Тетово, акција за заштита на животната средина – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 7:11 AM

Во Бањиче, Тетово, акција за заштита на животната средина

Во Тетово, во населбата Бањиче, излетничко место во близина на хидроцентралата на реката Пена, заменик министерот за одбрана, Беким Максути заедно со припадници на Армијата ќе учествува во акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина со засадување на 80 садници – ела.

Во акцијата, како што е најавено, ќе се вклучи и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и претставници од локалната самоуправа.

МИА