Без струја утре делови од општините Илинден и Центар – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/19 8:40 AM

Без струја утре делови од општините Илинден и Центар

Без електрична енергија утре од 8:15 часот до 15:30 часот ќе бидат потрошувачите во дел од селото Кадино и тоа околу „Деби” маркетот, дел од ул.„11″ во општина Илинден, а од од 8:30 часот до 13 часот и киосците и другите објекти на бул.„Кочо Рацин” пред Олимпискиот базен во општина Центар.

РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електро системот.