Се предлага реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 8:08 PM

Се предлага реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Владата на денешната седница го усвои предлог закон за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу нашата земја и Косово.

Од владината прес-служба информираат дека Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи ќе биде доставен до Собранието на усвојување.