Откако кандидатката за претседател, гордана Сиљановска Давкова денеска подготви оброци за ранливи категории деца, СДСМ реагираше во писмено соопштение, во кое ја обвини дека таа ги злоупотребила децата за политички цели во изборна кампања.
Најостро ја осудуваме оваа дрска злоупотреба на дечињата од страна на очајната Сиљановска и очекуваме реакција од надлежните институции, вклучително и Државната изборна комисија. Однесувањето на Сиљановска е спротивно на Изборниот законик но и на ратификуваната Конвенција за правата на детето, норми кои ги штитат децата од сите форми на злоупотреба во политички цели во кампања. Скандалот е уште поголем што државата веќе се грижи за дечињата во СОС детското дело. СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи – се вели во реакцијата.


