Меѓусебна престрелка на поддржувачите на Гуаидо и Мадурo – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 6:02 PM

Меѓусебна престрелка на поддржувачите на Гуаидо и Мадурo

За време на митингот предводен од опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гуаидо пред воената база во Каракас, дошло до пукотници од страна на група луѓе во воени униформи кои се во придружба на Гуаидо и војниците кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро – пренесе Македонската информативна агенција.

Претходно, венецуелските безбедносни сили фрлија солзавец на Гуаидо и неговата група.

Гуаидо пак, денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

Владата на Венецуела оцени дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.