Речиси 3 000 затвореници во Турција штрајкуваат со глад заради Оџалан – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 5:29 PM

Речиси 3 000 затвореници во Турција штрајкуваат со глад заради Оџалан

Денеска околу 3 000 затвореници се придружиле на штрајк со глад за да ги присилат властите да ја прекинат изолацијата во затвор на курдскиот водач на бунтовниците, Абдулах Оџалан – соопшти Турската група за човекови права.

Според водачот на Здружението за човекови права, Озтурк Туркдоган  2.983 лица во 90 затвори одбиваат храна во знак на протест поради затворските услови во кои се наоѓа Оџалан, на чии членови на семејството и адвокатите им се одбиени барањата за посети –  објави АП.