Поглаварот Реџепи ги игнорира државните органи – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 4:49 PM

Поглаварот Реџепи ги игнорира државните органи

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи втор пат  ја игнорира поканата на  Обвинителството и денеска не се појави на упатената покана за пријавата за говор на омраза. Поглаварот одлучил со Обвинителството да разговара преку тужби и во меѓувреме во Обвинителството ИВЗ достави кривична пријава против, Скендер Бузаку, кој тврди дека е законски Поглавар и против уште едно лице, јави телевизијата Телма.

Пријавата пак, против Бузаку е за фалсификување исправа и за поднесување лажни докази.Реџепи во говор во селото Арнакија, Македонците ги нарече диви луѓе и дека затоа немаат идентитет.

Соработниците на Реџепи обвинија дека документите врз основа на кои судијката донела решение за нов реис се фалисфикат.

Скендер Бузаку кого граѓанскиот суд го впиша во регистарот на верски заедници како нов поглавар на ИВЗ тврди дека не се занимава со фалсификување на документи  туку се што било доставено во судот било оригинал.