Легендарниот фудбалски репрезентативец на Ирска и поранешен дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Џон Ошеи одлучи да стави крај на фудбалската кариера.
Во својата богата и мошне успешна кариера забележа 683 настапи од кои 118 во дресот на Ирска, а подигна севкупни 14 титули.
Со „црвените ѓаволи“ и Фергусон освои се шт можеше да се освои. Па така пет пати ја освои Премиер лигата, четири пати Комуните Шилд, еднаш ФА купот како и ЛШ и Светското клупско првенство.
Нема сомнение дека ќе остане запамтен како еден од вистинските војници на Сер Алекс Фергусон кај кого имаше беспрекорна доверба.
Освен за Манчестер Јунајтед, играше и за Сандерленд и Ридинг каде ја заврши кариерата. Инаку Ирецот денес полни 38. години.


