Играорецот се гордее со тоа што го поставил албанското знаме во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 4:07 PM

Играорецот се гордее со тоа што го поставил албанското знаме во Охрид

Албанскиот играорец, кој на Велигден постави големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид вели дека Господ им ги дал овие територии на албанците и ќе бидат нивни што никогаш нема да ги остават. Ѓерѓ Прекоцај доби петгодишна забрана за влез во државава и парична казна во висина од 1100 евра, што треба да ја плати веднаш. По завршување на разговорот во Обвинителството,  интервју со него направи албанската новинска агенција (ИНА) Ilirya News Agency. Прекоцај е лидер на играорната група со назив Арбреши”која обединува група на луѓе која ги поддржува идеите за создавање на Голема Албанија.

Во Охрид и Струга, групата била на прослава по повод 552 годишнината од битката на Скендербег. За тоа зошто го поставиле знамето на Самоиловата тврдина Прекоцај вели дека тие ова го направиле затоа што се на нивна земја и Охрид е албански град.

-Оваа е наша земја и нема да застанеме. Ние ќе продолжиме за оваа арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастиоти, за обединување на Албанците каде и да се по светот и со територии и со мисли и никогаш нема да застанеме, изјави Прекоцај, кој додаде дека и покрај казната, овој потег го усреќил и се гордее со него.