Преку литературни творби до едукација на најмладите за безбедноста и здравјето при работа – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 4:08 PM

Преку литературни творби до едукација на најмладите за безбедноста и здравјето при работа

Вкупно 30 училишта од земјава учествуваа на повикот за литературни творби „Безбедност и здравје при работа“, кој го распиша Здружението на инженери за заштита Тутела со одобрение од Министерството за образование и наука. Здружението соопшти дека на повикот пристигнале 176 творби, евалуирани од тринаесетчлена комисија.

Наградите отидоа во рацете на вкупно 12 ученици, распоредени во четири категории.

Речиси месец дена основните училишта, ширум земјата. пулсираа во духот на БЗР, а самите пристигнати трудови, нивниот број, го покажаа и докажаа тоа – вели претседателот на Здружението Тутела, Дејан Ангеловски.

Според него, целта на повикот била да се зголеми свеста за безбедноста и здравјето при работа, преку изработка на трудови од страна на најмладите, но со вклученост на наставниците и родителите.

Од невладиниот сектор најавуваат дека планираат ова да прерасне во традиција, бидејќи како што посочуваат, иднината е во младите, во нивната свест и одговорност и треба да се работи на елиминација на лошите актуелни состојби.