Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 12:25 PM

Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат  ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, од каде информираат дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.

Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,078 денари и еден килограм ќе чини 34,377 денари.

Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се води според досегашната методологија. Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа,…