Тетовец нападнал полицаец – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 11:09 AM

Тетовец нападнал полицаец

Четириесет и деветгодишен маж од Тетово завршил во полициска станица на распит откако ноќеска нападнал полицаец. Нападот се случил околу 1 часот на улицата „Илинденска” во Тетово –  соопшти полицијата.

„Ноќеска околу 1 часот, на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го запреле 49-годишниот тетовец Ј.С. Тој прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу четириесет напади вкупно за 2018-та година. Во најголем број случаи полицајците биле вербално напаѓани и омаловажувани, а помалку се физичките напади. Граѓаните кои извршиле таков напад потоа се соочуваат со кривични пријави за спречување службено лице во вршење на службено дејствие.