Хрватите со референдум против зголемување на староста за пензионирање – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/19 8:17 PM

Хрватите со референдум против зголемување на староста за пензионирање

Потписи за референдум со кој сакаат да го спречат зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, почнаа да собираат хрватските синдикати.

Собирањето на потписите ќе трае две недели. За да биде успешен референдумот, потребно е да се соберат околу 85.000 потписи што е 10 отсто од вкупниот број избирачи.

Синдикатите не се согласуваат со тврдењето на ресорниот министер Марко Павиќ дека евентуална реализација на синдикалните барања ќе ја чини државата 45 милијарди куни до 2040 година и ќе значи намалување на пензиите.