Дијалог со Белград нема да има без САД – дециден е косовскиот претседател, Хашим Тачи. Тој изјавата на оваа тема ја даде во Берлин, каде е дел од неформалниот собир на лидерите на т.н. „Западнобалканска шесторка“.
„Без САД нема дијалог и преговори. Косово е независна и суверена држава“, посочи Тачи за приштинските медиуми пред конференцијата во Берлин, објави Газета Експрес. Весникот заклучува дека со таа изјава Тачи практично ги навредил домаќините на денешната средба, двете европски сили, Германија и Франција, што го иницираа состанокот.
Тачи и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рекоа дека немаат информации за каков било нацрт-договор што би бил постигнат во Берлин.


