Стабилно и суво време не’ очекува денеска во земјава а од УХМР прогнозираат и услови за краткотраен дожд на крајниот запад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната од 13 до 25 степени.
Во вторник од претпладне, особено во западните делови, ќе дува засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд, претежно попладне.
Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.


