Заев во Берлин на средба со Меркел и Макрон – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/19 8:24 AM

Заев во Берлин на средба со Меркел и Макрон

Премиерот, Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон. Средбата е на барање на канцеларката, а веднаш по разговорите со Заев ќе следи средба со албанскиот претседател Еди Рама – соопшти владината прес служба.

Освен со нив двајца, Меркел и Макрон ќе се сретнат и со останатите лидери од Западен Балкан, Денис Звиздиќ од БиХ, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Александар Вучиќ од Србија. На средбата се поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.

Според агендата на германската Влада, на конференцијата ќе присуствува и високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.