Во Палитана е забрането убивање животни, како и продажба на јајца и на месо. Тоа е прв целосно вегетаријански град во светот, а се смета и за најсвето место за луѓето што ја следат религијата џаинизам.
Во градот има 863 храма. Во 2014 година околу 200 монаси штрајкувале со глад барајќи забрана на убивање и консумирање животни во својот град, како и затворање на 250. месарници. Така, Владата беше приморана градот да го прогласи за зона без месо. Млечните производи уште не се забранети.
Палитана годишно ја посетуваат од четири до пет милиони луѓе.


