Данска се прости од трите жртви во Шри Ланка, деца на данскиот милијардер – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/19 11:03 AM

Данска се прости од трите жртви во Шри Ланка, деца на данскиот милијардер

Данскиот милијардер Андерс Повлсен (36), кој во терористичките напади во Шри Ланка загуби три од своите четири деца – синот Алфред и ќерките Алма и Агнес, а тој и третата ќерка Астрид, сите сместени во хотелот “Шангри Ла“ во Коломбо, биле повредени, првпат се појавил по несреќата и порачал дека загубата на неговото семејство е непоимлиа, слична како и на тие што загублиле свои најблиски во суровиот терористички чин, но и се заблагодарил на поддршката што тој и неговата сопруга ја примале овие денови.

Данска деновиве се прости од загинатите. Комеморации беа одржани во Брандеу, Архус, Копенхаген, Оденсе…