Шкотската национална парија (СНП), која се залага за независност, имаше дводневна пролетна конференција, на која биле потенцирани резултатите од последната анкета, според кои расположението на граѓаните на Шкотска за отцепување пораснало од 45 на 49 отсто.
Анкетата покажала дека 53 отсто од граѓаните сметаат дека во идните пет години не би требало да се организира нов референдум за независност. Шкотската премиерка и претседателка на СНП се залага тој да се реализира до 2021, кога завршува мандатот на актуелниот шкотски парламент. Анкетата покажала и оти гласачите што живеат северно од од англиската граница целосно се дистанцираат и од конзервативците и од лабуристите.


