Австралиската влада ќе убива два милиона мачки – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/19 8:04 AM

Австралиската влада ќе убива два милиона мачки

До 2020 година австралиската влада планира да убие два милиона мачки , кои слободно се движат низ земјата. Се проценува дека има и до шест милиони такви мачки. Во државата Квинсленд се нудат 10 долари за скалп на секоја убиена мачка. Еден од начините на кои ќе се убиваат е и со поставување отровни колбаси.

Целта е да се заштитат автохтоните животни , како птиците и влекачите , со кои се хранат дивите мачки. Се проценува дека од населувањето на Австралија во 18. век се истребени 27 автохтони видови животни. Се проценува дека мачките дневно убивале по еден милион птици и 1,7 милиони влекачи.

Сличен план имало и во 2015 , но, поради острите реакции во јавноста , бил повлечен. И Нов Зеланд најави дека планиа на сличн начин да се справува со мачките.