Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, најавува дка Косово ќе бара воена отштета од Србија.
– Тоа е важно прашање што мора да го решиме. Тоа е важно за жртвите, па и за правдата. Но, не мислам дека сето тоа ќе се реши во Берлин, бидејќи ние на Косово избравме државна делегација за дијалогот за преговори, како и за платформата. Сепак, ние на овој самит можеме да изнесеме некои ставови, некаков придонес – изајви косовскиот премиер Харадинај за косовските медиуми.
Тој кажа дека самитот во Берлин е важен, но дека не мисли дека на него ќе има некој голем успех, бидејќи не станува збор за билатерална средба.
– Во Берлин одиме повеќе за да видиме како да се реши последното прашање меѓу Косово и Србија. Признавањето нема да се случи со некоја нова формула. Тоа ќе се случи класично, како шо тоа го прават две земји. На Србија ќе и’ се олесни патот кон ЕУ, нема да има блокада, добива пазар и мир во регионот како и со соседо –рекол Харадинај.


