На главниот загрепски плоштад Синдикалната иницијатива „67 е премногу” почна со собирање потписи за референдум за измени на Законот за пензиско осигурување, со цел да се спречи подигнување на старосната граница за целосна пензија на 67 години.
Во следните две седмици низ цела Хрватска на околу 300 места луѓето ќе можат да го дадат својот потпис за референдум, За тоа да се издејствува ќе биде потребно да се соберат 373.568 потписи.
Синдикатите бараат да се врати одењето во пензија на 65 години, возраста за право на предвремено пензионирање да е 60 години, а казната за предвремено пензионирање да се намали од 0,3 до 0,2 проценти.


