Невреме во северозападниот дел на земјата – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/19 12:56 PM

Невреме во северозападниот дел на земјата

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати попладнево северозападниот дел од земјава.

УХМР соопшти дека во западниот дел на земјата и во северниот попладнево има нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во скопската котлина пак, краткотрајно паѓаше и град.

Нестабилното време се движи кон југоисточниот дел на земјата.