Две лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на автопатот Скопје-Куманово, кај клучката Аеродром – Скопје.
До сообраќајната незгода дошло кога се судриле две возила со скопски и со кумановски регистарски ознаки. Првото возило било управувано од дваесет и петгодишен скопјанец, а второто од педесет и осумгодишен кумановец.
МВР денеска соопшти дека возачот од Скопје и неговиот сопатник, една година постар од него, се здобиле со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Градска општа болница Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје – посочуваат од МВР.


