Дваесет и едногодишно момче е повредено вчера од огнено оружје во скопски Чаир.
Вчера попладне, полицијата добила пријава од Градската општа болница „Наум Охридски” дека е донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.
Повредениот бил донесен во Градската општа болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов” во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница – соопшти денеска МВР.
Министерството информираше дека полициски службеници разговарале со повредениот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


