Нејмар пак го потресе светот: Сакам да играм со Азар – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 4:09 PM

Нејмар пак го потресе светот: Сакам да играм со Азар

Бразилскиот репрезентативец Нејмар повторно е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност откако изјави дека најголема желба во моментов му е да игра во иста екипа со Еден Азар.

„Азар е многу интересен фудбалер, има сличен стил на игра како мојот. Голема желба ми е да заиграм во иста екипа со него“, изјави Нејмар.

Со овие зборови тој покрена низа шпекулации во врска со иднината. Се знае дека Реал е заинтересиран за Азар, па дали ова значи дека Нејмар би заиграл за „кралскиот клуб“ идната сезона?