Јане Ченто од затвор повикува на поддршка за Сиљановска-Давкова: Да ја испратиме оваа криминална влада – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 3:34 PM

Јане Ченто од затвор повикува на поддршка за Сиљановска-Давкова: Да ја испратиме оваа криминална влада

Осудениот за насилниот упад во Собранието, Јане Ченто од затвор се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, каде им порача на оние кои го бојкотирале првиот круг од претседателските избори, дека поради нив излезноста била само 42 проценти од гласачите.

Ченто, им порача дека од нив зависи дали кандидатката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде новиот претседател, но и тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори.

Според Ченто, актуелната власт е криминална и доколку граѓаните гласаат за Сиљановска Давкова власта би била на колена.

Според него СДСМ е во слободен пат, а разочарани од владејачката гарнитура се и Албанците, вели Ченто, кои исто така, според него, сакаат да промена на власта.

„Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за Проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада. Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници. Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени. Промената започна на 21ви Април а на 5ти Мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија“, порачува Ченто.