Четириесет и четиригодишен маж од Неготино со иницијали Д.К. заработи кривична пријава поради поради постење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство од небрежност“. Тој се товари за убиството што месецов се случи во неготинското село Тимјаник. Пријавата е поднесена од Полициската станица Неготино во содејство со Секторот за општ и насилен криминал на Одделот за крим полиција при Бирото за јавна безбедност.
Од таму денеска посочуваат дека на 20-ти април околу 18,30 во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на општина-Демир Капија бил пронајден починат Ј.Д. од с.Тимјаник, неготинско. Потоа полициски службеници од ПС ОН Неготино во координација со ОЈО Велес извршиле увид на местото на настанот и по насока на ЈО телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот.
Според документираните сознанија од истрагата на 19.04. околу 17, 00 часот во посочената месност, сега пријавениот Д.К. од небрежност со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото.
Д.К. заедно со кривичната пријава и доказниот материјал денеска е предаден на ЈО од ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка.


