Европејците се за (и не) за Европската унија – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 1:52 PM

Европејците се за (и не) за Европската унија

Доколку денеска во државите членки на ЕУ би се одржал референдум за членство во ЕУ во Велика Британија, Чешка и Италија не би била постигната целта повеќето да гласаат „за“.

Како што пренесува порталот „Еуроактив“, на основа на податоците на Евробарометарот кој го објави Европскот парламент, помалку од половината, 45 отсто Британци, 47 отсто од Чесите и 49 одсто Италијанците, би го поддржале членството во ЕУ, додека за напуштање на Унијата се изјасниле 37 отсто Британци, 24 отсто Чеси и 19 отсто Италијанци.

Бројот на неопределени гласачи, според наодите на Евростат, 32 отсто во Италија, 29 отсто во Чешка и 18 отсто во Велика Британија. Меѓутоа, поголем дел од граѓаните на Европската унија и понатаму би гласале да останат дел од европското семејство.

Во случајот со Холандија, 86 отсто граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, во Ирска и Луксенбург тој процент е 83 отсто, во Шведска 81 отсто и во Германија 80 отсто.

Како што е наведено во истражувањата, пред пола година само 12 отсто Британците биле несигурни во врска со својот глас, тој број во март оваа година порасна на 18 отсто.

„Ова зголемување е последица на несигурноста на јавноста пред политичката неизвесност во Велика Британија“, се истакнува во извештајот.

Велика Британија, Чешката Република и Италија се оние земји каде што придобивките од Европската унија се помалку забележани во општеството. Вкупно 58 отсто од Чесите, 54 отсто од Британците и 41 отсто од Италијанците сметаат дека имаат корист од тоа да бидат дел од Унијата.

Австријците и Грците се исто така дел од група која е помалку ентузијастичка за европското семејство. Сепак, во просек 68% од испитаниците велат дека членството е од корист за нивната земја, која, според ова истражување, е на највисоко ниво од 1983 година.

Сепак, и покрај позитивниот став кон европскиот проект, многу испитаници се незадоволни од актуелната ситуација во ЕУ.

Половина од Европејците сметаат дека работите се движат во водство, особено кај грчките и француските гласачи (66 проценти), Италијанците (58 проценти) и Чесите (56 проценти).