Скопјанец повреден во сообраќајна незгода – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 1:32 PM

Скопјанец повреден во сообраќајна незгода

Дваесет и двегодишен скопјанец се здобил со повреди при сообраќајна незгода која се случила вчера на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. До незгодата дошло, откако сега повредениот управувајќи мопед се судрил со патничко моторно возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од триесет и осумгодишен маж.

По незгодата возачот на мопедот З.К. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот – информираат од полицијата.