Тетово гo чистат граѓански активисти – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 1:30 PM

Тетово гo чистат граѓански активисти

Студенти и професори денеска го чистеа булеварот Илинденска, откако пред неколку дена ги чистеја кејот на река Пена и неколку јавни површини. Целта на ваквите акции е да се разбудат властите и да преземат сериозни чекори за чистење на градот.

Учесниците во еколошката акција, велат дека градот под Шара не заслужува да биде валкан. Затоа треба се почесто да се преземаат вакви акции, за да имаме почист град и поголема еколошка свест.

Но проблемот со сметот може целосно да се реши, само ако со него добро се управува.

Тетово и натаму е град со голем број на диви депонии, и е меѓу најзагадените во Европа.