Десетгодишно девојче од село Боговиње се здобило со повреди откако било удрено од четиринаесетгодишно момче кое управувало велосипед.
Девојчето е пренесено во Клиничка болница-Тетово, а потоа во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – соопштија денеска од МВР.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила увидна екипа при Сектор за внатрешни работи Тетово.


