Во пресрет на велигденските празници ентузијасти од ЛК „Лихнидос“ направија илуминација на храмот Св. Пантелејмон на Плаошник. Древниот храм од синоќа е осветлен од сите страни, во рамки на проектот „Охрид – град на светлината“. Ова ќе даде ново светло на туристичкиот гразглед на стариот град.

-Во пресрет на Велигден, црквата на нашиот заштитник Св. Климент блеснува со сета своја раскош. Всушност, целиот овој простор е едноставно магичен. Со новото светло ние само ја потенцираме оваа несекојдневна убавина, која никого не остава рамнодушен, вели pроф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на проектот.



