Канада покренува тужба против Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 12:32 PM

Канада покренува тужба против Фејсбук

Скандалот со податоците кои се појавија во јавноста на корисниците на Фејсбук, како и скандалот со неовластеното следење на корисници од странската компанија „Cambridge Analytica“ конечно добиваат свој исход.

Европската унија ја казни најпопуларната социјална мрежа за кршење на правата на корисниците, а сега и Канада сака судовите малку да се позанимаваат со Фејсбук.

Комесарот за приватност на Канада, Даниел Териен изјавил дека Фејсбук практично нема никаков механизм за заштита на приватноста на корисниците, токму од таму и произлегол скандалот со „Cambridge Analytica“. Канада официјално го предупреди Фејсбук дека неколку пати ги крши правата на корисниците, а сега државата ќе поднесе неколку тужби против социјалната мрежа.

За тоа време, Фејсбук има проблем и во „својот двор“. Федералната Комисија за трговија SAD (FTC) се спрема да го казни Фејсбук со дури 3 милијарди долари поради разни пропусти, злупотреба и монополско однесување.