Познати деталите за сообраќајката во која почина Холаѓанец – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 11:51 AM

Познати деталите за сообраќајката во која почина Холаѓанец

МВР ги соопшти деталите од вчерашната сообраќајна несреќа, која се случи во 16:30 часот,на крстосницата од ул.„Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле. На овој дел од патот се судриле патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен  и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака  управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58).Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде  починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.