БиХ: Се продава амбасадата на СФРЈ во Бон за 3.750.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/19 11:38 AM

БиХ: Се продава амбасадата на СФРЈ во Бон за 3.750.000 евра

Советот на минситрите на Босна и Херцеговна денеска донел одлука да се продаде зградата на амбасадата на пораншна СФРЈ во Бон, главниот град на некогашна СР Германија.

Како што е соопштено, одлуката е донесена на предлог на Министарството за надворешни работи на БиХ, а зградата ќе треба да биде продадена за 3.750.000 евра. Од тој износ, во согласност со Спогодбата за сукцесија, БиХ ќе добие пет отсто од износот.

За објектот на амбасаата во Бон, како што се наведува во сопштението, не била заинтересирана ниедна од државите-сукцесионери.