Од УХМР соопштуваат дека утре ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со
пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со
појава на град и засилен ветер, особено во источните делови. Во недела ќе преовладува
сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура.
Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник, кои ќе продолжат и во среда на 1-ви Мај. За време на Првомајскиот паразник максималната температура ќе се движи од 16 до 24 Целзиусови степени.
Објавено на: 04/26/19 10:33 AM


