Словенечко „Горење“ планира да отпушти 270 работници, што е околу шест отсто од 4.212. вработени. Реорганизацијата на компанијата предвидува нова реганизација и систематизација на работните места, објавија вчера словенечки медиуми, а тоа го потврдило и раководството на словенечкиот производител на апарати за домаќинството, кој го презеде кинеската корпорација „Хисенсе“.
Се најавува дека намалувањето најмногу ќе ги зафати средниот менаџмент и помошните служби. Притоа, треба да бидат применети таканаречените меки методи, како пензионирање и испраќање на чекање, но ќе имало и отажување на договорите за работа. Синдикатот на вчерашната средба со раководството на компанијата ги отфрлил понудените предлог-критериуми, со напомена дека е подготвен на најрадикални облици на синдикална борба.
„Горење“ минатата година ја завршило со загуба од 111 милиони евра.


