За месец-два ќе патуваме по најмодерни сообраќајници кон Македонија и Бугарија, но и од Белград до Чачак, бидејќи на Коридорот 10 и на голем дел од Корисорот 11 работите се поприлично готови, пишуваат српски медиуми.
За десетина дена, кога во сообраќај ќе биде пуштна делницата низ Грделичката Клисура, долга 26 километри, целосно ќе биде завршен автопатот кон Македонија и Грција, како што пред два дена најави претседателот Александар Вучиќ, пренесуваат медиумите.
За два месеца требало да биде завршен и кракот кон Бугарија, долг 22,5 километри.


